Мајкрософт ја донесе очекуваната одлука да додаде реклами и огласи на својот Bing чет-бот.

Бинг четботот, неодамна претставен од Мајкрософт, се напојува со вештачка интелигенција ChatGPT. Наскоро ќе почне да прикажува реклами, со оглед на тоа што има се поголем број активни корисници кои моментално се над 100 милиони.

„Реклами ќе бидат прикажани во новиот Bing, а тоа особено се однесува за разговор (како традиционалните резултати од пребарувањето)“, рече Кејтлин Роулстон, директор за комуникации во Microsoft.

Засега не се знае колку реклами и огласи ќе бидат прикажани по одговор во четботот.

Од друга страна, компанијата посочува и дека сакаат да ги зголемат приходите на издавачите, кон кои ќе насочат поголем сообраќај преку разговори и одговори во четботот на Bing.

Мајкрософт сака услугата за четбот на компанијата да биде пионер за рекламирање во иднината на новите медиуми.