Microsoft соопшти дека го откажува најавениот оперативен систем Windows 10Х. Информацијата беше откриена во пост на блогот со кој се најавува лансирање на ново ажурирање за Windows 10 21H1.

Наместо тоа, Microsoft ќе ги интегрира функциите од Windows 10X во Windows и други производи. Компанијата веќе започна со имплементација на некои од овие функции во верзиите на Windows Insider, како што е новата технологија containr apps во програмата Microsoft Defender Application Guard, подобрено искуство за внесување текст и модернизирана тастатура на допир со оптимизирани големини на копчиња, звуци, бои и анимации.

Windows 10Х требаше да биде подискретна верзија на Windows 10, дизајнирана специјално за уреди со двоен екран, како што е Surface Neo. Потоа на почетокот на оваа година, Microsoft објави дека наместо тоа, ќе биде направен за лаптопи со еден екран. Во јануари, дури и ја видовме демо верзијата.

Microsoft моментално е во процес на откривање на последното ажурирање на 21H1 за Windows 10, што е релативно мало ажурирање, а големото ажурирање е планирано за октомври.