Се приближуваме до моментот на објавa на Huawei Mate X2 телефонот, чие претставување е закажано за 22. февруари. Во периодот до тој датум, сигурно ќе видиме многу протечени информации за новиот флексибилен уред на Huawei.

Mate X2 ќе имплементира нов дизајн со свиткување навнатре, што предизвика гласини дека компанијата ќе го ангажира Samsung Display за производство на флексибилни екрани. Сепак, сега се сугерира дека Huawei повторно ќе ги користи флексибилните дисплеи на Huawei Mate X2 компанијата BOE.

Според новиот извештај, Samsung и Huawei имале договор за флексибилни дисплеј панели што би се користеле на новиот Huawei Mate X2 модел. Меѓутоа, овој договор не беше имплементиран поради актуелните санкции на САД кон Huawei. Исто така, извештајот тврди дека договорот може да биде одобрен од САД во октомври, но дека Huawei не сакал да ризикува и се одлучил за безбедно решение со BOE дисплеите.

Се очекува дека Huawei Mate X2 ќе користи Kirin 9000 чипсет, систем со четири камери со 50MP главен сензор (тука се и 16MP, 12MP и 8MP сензори). Телефонот ќе има и 4400mAh, со поддршка за 66W брзо полнење.