Xiaomi го претвори Poco во засебна компанија претходно оваа година, која сега претстави нов евтин смартфон.

Се работи за моделот Poco X3 NFC, што стана прв телефон со новиот Qualcomm процесор Snapdragon 732G. Уредот доби 6,67-инчен екран со фреквенција на освежување од 120Hz, заштитен е со Gorilla Glass 5 стакло, а одзади се сместени четири камери, од кои главната има 64MP. Оваа камера може да снима 4K видео при 30 fps, како и slow-motion видео при 960 fps. Камерата користи AI технологија за детекција на сцени, филтри и осветлување. Однапред е сместена селфи камера од 20MP.

Poco мислеше и на гејмерите, така што X3 NFC има Adreno 618 Elite Gaming GPU со течно ладење, а смартфонот нуди и уникатни вибрации за забрзување, пукање и трчање.

Телефонот доаѓа со 6GB RAM и до 128GB интерна меморија, што е можно да се прошири до 256GB со помош на microSD картичка. Уредот го напојува батерија од 5.160 mAh, која поддржува 30W брзо полнење и може да се наполни за нешто повеќе од еден час.

X3 е опремен со два звучника, а има и 3,5 мм влез за слушалки и USB-C порт. Странично се наоѓа сензорот за отпечатоци од прсти, тука е и опцијата за отклучување на уредот до препознавање на лицето, а ја поддржува и Google Pay услугата. Исто така, уредот користи Poco оперативен систем што е базиран на Android 10.

Цената на моделот со 64GB интерна меморија изнесува 238,80 долари, додека за верзијата со 128 GB потребно е да се издвојат 298,80 долари.