Samsung најави нов модел како надополнување на Galaxy A серијата на паметни телефони – паметниот уред Galaxy A8.

Новиот смартфон Галакси А8 (2018) пристигнува со двојна предна камера, голем Infinity дисплеј и неверојатен ергономски дизајн кој се базира на дизајнот на досегашните водечки паметни телефони на Samsung и нивното искуство. Со дополнителни секојдневни карактеристики, Galaxy А серијата е постилска, попрактична и поудобна за употреба.

“Со новиот Галакси А8 (2018), ги носиме омилените карактеристики на нашите потрошувачи од нашите водечки паметни телефони, како “Бесконечниот“ Дисплеј и нашата прва Двојна Камера со фокус во живо (Live Focus), во нашата Галакси А серија која е веќе препознатлива по својот премиум дизајн. Галакси А8 (2018) е приказ на нашата континуирана посветеност на задоволување на потребите на нашите потрошувачи, обезбедувајќи им поголем избор и поволности.“ – изјави Јунхо Парк, Потпретседател на Сектор за Глобално Планирање на Продукти, Мобилни Комуникации во Самсунг .

Корисниците ќе можат да креираат јасни, чисти “селфи“ фотографии со задната камера од 16MP со фокус од F1.7 и 16MP+8MP со фокус од F1.9 Двојна Предна Камера, без разлика каде се наоѓаат или во каква активост се вклучени. Двојната Предна Камера е направена од две одделни камери, а корисниците ќе може да одберат која ќе ја користат во зависност од видот на “селфи“ фотографијата што сакаат да ја направат – од фотографија одблиску, со позадина, сѐ до портрет фотографија со јасна и чиста позадина. Дополнително со напредната функција “Live Focus“, ефектот “bokeh“ едноставно може да се прилагоди, пред или откако ќе се фотографира, се со цел креирање фотографии со висок квалитет.

Без разлика дали преку ден или навечер, напредната камера ќе се погрижи фотографиите да имаат одлична острина, дури и во усови на слаба осветленост. Новиот уред исто така овозможува адаптирање на фотографиите преку забавни опции, од додавање на “налепници“ на “селфи“ фотографија, до нагласување на кулинарската екстраваганција со режимот за храна (Food Mode).

Несигурните видео снимки ќе станат дел од минатото со технологијата за стабилизација на видео и дигитални слики (video digital image stabilisation technology – VDis), а со hyperlapse функцијата корисниците може да креираат видео клипови, што ќе овозможи снимање, разкажување и споделување на уште подолги приказни.