Паметниот телефон LG Velvet наменет за средниот сегмент на пазарот е достапен за купување во продажните салони на Нептун Македонија. Еден од најинтересните понови смартфони на LG може да се купи во Нептун по цена од 34.999 денари (haPPY цена – 27.999 денари).

Една од главните одлики на телефонот е премиум дизајнот, кој вклучува и двојно закривен преден и заден панел, што LG го опишува како „флуиден формат“ кој е пријатен за око и за допир. Предниот дисплеј на телефонот има 6,8-инчен Cinema FullVision OLED панел, со FHD+ резолуција и 20.5:9 однос на страници. Во екранот е сместен и засек со 16MP селфи камера. На задната страна на телефонот се наоѓа единствен „raindrop“ дизајн на тројниот камера систем. Овие камери имаат 48MP главен, 8MP ултраширок и 5MP сензор на длабочина.

LG Velvet го покренува осмојадрениот Snapdragon 845G чипсет, содржи 6GB RAM и 128GB простор за складирање, кој е можно да се прошири преку microSD картичка. Уредот го напојува батерија со капацитет 4300mAh, со поддршка за 15W брзо полнење и 9W безжично полнење. Смартфонот е достапен во црна и аурора бела варијанта на боја.