Во март минатата година, Oppo претстави нов мобилен уред – F19 Pro. Овој смартфон има 6,42 инчен AMOLED екран, FHD+ резолуција од 1080 x 2400 пиксели, како и максимална осветленост од 800 нита.

Чипсетот на овој телефон е осмојадрен MediaTek MT6779V Helio P95 направен во 12nm процес на производство. Овој чипсет се состои од 2 Cortex-A75 јадра кои работат на 2,2 GHz, како и шест Cortex A-55 јадра на 2,0 GHz. За графиката е избрано малку познатото решение PowerVR GM9446, а дополнително телефонот доаѓа со 8 GB RAM, како и опции за простор за складирање од 128 GB или 256 GB.

Другите важни информации вклучуваат систем со четири камери со главен сензор од 48 MP и отвор на бленда f/1,7, широкоаголен објектив од 8 MP и отвор  на бленда f/2,2, како и макро сензор и сензор за длабочина од 2MP со отвор на бленда f 2.4. Селфи камерата е со резолуција од 16MP.

Сето ова беше солидно за годината во која беше претставен уредот, па се очекуваше наследникот на овој смартфон. Сепак, Oppo се уште нема откриено никакви информации за овој уред. На крајот почнавме и да се сомневаме дека ќе се појави наследник.

Меѓутоа, сето тоа се промени денеска кога во Пакистан беше објавен промотивен постер кој го рекламира токму Oppo F21 Pro, и тоа во многу привлечна жолта боја.

Покрај бојата, она што може да се види на постерот е новиот облик на системот на камери со два големи круга, како и LED блиц од десната страна на долниот камера сензор. Покрај тоа, познат е и слоганот наменет за маркетинг кампањата за овој телефон, а тоа е „Fantastic selfie“, што може да ни даде назнака дека Oppo значително ја унапредил предната камера на својот претстоен телефон.

Се очекува дека Oppo многу брзо официјално ќе го претстави овој мобилен уред на азискиот пазар.