Конзолата Xbox на Мајкрософт доби тест функција која дава можност за исклучување и download на одреден временски период, а целта е да се намали потрошувачката на електрична енергија, односно повеќе да се користат обновливите извори.

Sleep мод на модерните конзоли овозможува брзо „будење“ на Xbox, но исто така троши значително количество енергија бидејќи системот всушност никогаш не се исклучува целосно.

Од Microsoft веруваат дека можат да понудат компромис, па затоа подготвиле тест функција наменета за конзолите Xbox Series X, Series S и One, која всушност е опција Sleep за време на „активни часови“. Со активирање на оваа опција, конзолата ќе биде целосно исклучена во периоди кога корисникот најверојатно нема да ја користи, што ќе резултира со заштеда на енергија.

Исто така, можно е рачно да се креира распоред на часови доколку корисникот знае кога ќе ја користи конзолата, но достапна е и автоматска опција доколку корисникот сака конзолата да се прилагоди на неговите навики.

Microsoft ја подготви и опцијата Shutdown (заштеда на енергија), која троши до 20 проценти помалку енергија во споредба со опцијата Sleep, но сепак ви овозможува да преземате ажурирања во текот на ноќта, односно да симнувате игри. Доколку на корисникот не му пречи подолгото време на вклучување на конзолата и недостатокот на опцијата „далечинско будење“, тоа ќе се одрази со намалување на неговата сметка за струја.

Новото ажурирање е автоматско за корисниците на конзолите Xbox Series X и Series S кои се во програмата Insider, како и за корисниците на конзолата Xbox One.