Неодамна откриената зелена комета C/2022 E3 првпат по 50 илјади година е во близина на Земјата соопшти НАСА.

Кометата која беше откриена во март годинава има пречник од околу еден километар. Таа го достигна нејзиниот перихел на 12. јануари годинава.

Кометата сè уште не е видлива со голо око и за да се види треба телескоп или двоглед. Надежите се дека во следните неколку седмици ќе стане уште посветла.

Најблиску до Земјата ќе биде на 1. февруари 2023 година на 32 милиони километри. Моментално се гледа во претзорните часови, но до февруари е можно да се гледа и ноќе на темно небо без месечина.