Времето во карантин и домашна изолација остава многу време за нови активности. Меѓутоа, некои вишокот слободно време го користат да ги дуплираат, па дури и тројно да ги зголемат минутите и часовите поминати на смартфон.

Неодамна, корисниците на iPhone уредите ги добија своите неделни информации за тоа колку време бил уклучен екранот на телефонот. Ова предизвика многу нови објави на социјалните мрежи, особено за „ефектот на коронавирусот“.

Сосема логично, времето поминато на мобилен телефон се зголемил како резултат на мерките за социјално дистанцирање кое се препорачува од сите страни. Луѓето сè повеќе се вртат кон социјалните мрежи и слични начини да останат во контакт со своите најблиски,  објави Independent.

Затоа некои корисници на Твитер споделија скриншотови на кои се гледа како користењето на телефони скокнало за повеќе од 200 проценти од влегувањето во самоизолација, па коментираа дека се чувствуваат „засрамени“.

Додека некои веруваат дека би требало да ги исклучиме ваквите известувања за дополнително да не се стресуваме и околу тоа, други тврдат дека токму тие „им ги отвориле очите“, па ќе се одлучат да направат пауза од своите уреди.

Извор: B92.net