Според истражувањето на компанијата Canalys, се чини дека еден пазар, сепак, нема да почувствува негативни последици од актуелната пандемија на коронавирусот.

Се работи за пазарот на носечките уреди, што оваа година би требало да забележи испораки од вкупно 436,5 милиони уреди и true wireless слушалки следната година. Главна ѕвезда на пазарот би требало да бидат безжичните слушалки, чија бројка идната година ќе порасне за 39 проценти, односно преку 350 милиони испорачани примероци.

Canalys истакнува дека корисниците во време на пандемијата се повеќе се грижат за своето здравје, па се отвора простор за компаниите како што се Xiaomi, Garmin и Fitbit, а во спортските активности помагаат и true wireless слушалките на компаниите Apple, Samsung, Jlab и QCY.

Производителите на носечките уреди се прилагодуваат на актуелната ситуација, па во своите уреди уфрлаат нови функционалности, како што е на пример мерењето на заситеноста на крвта со кислород во комбинација со соодветни предупредувања, доколку нешто не е во ред.