Qualcomm го претстави својот прв телефон под сопствениот бренд, кој е дизајниран од компанијата Asus. Уредот се промовира како „смартфон за Snapdragon инсајдерите”, а наменет им е на ентузијастите заинтересирани за технологиите на Qualcomm и прифаќање на 5G технологиите.
Спецификациите на телефонот вклучуваат Snapdragon 888 5G чипсет, 16GB RAM, 512GB простор за складиртање и 6.78-инчен AMOLED дисплеј (2448 x 1080p), со 144Hz освежување и и 1200 нита максимално осветлување.
На полето на камери, уредот има 64MP главен сензор на задната страна, заедно со 12MP ултраширок и 8MP телефото сензор. Од предната страна е сместена 24MP селфи камера.
Батеријата е со капацитет од 4000mAh, со поддршка за Qualcomm Quick Charge 5.0, додека опертаивниот систем на телефонот е Android 11. Извештаите сугерираат дека телефонот ќе чини 1499 долари, ќе биде достапен од август, а прв ќе го добијат Snapdragon инсајдерите.