На Google Chrome стигна опцијата која долго се чекаше и која пред се е бесплатна.

По многу долго чекање, конечно добивме бесплатна алатка за уредување PDF фајловиво Chrome – и тоа директно од Adobe.

Софтверскиот гигант воведе официјален додаток на Adobe, кој им овозможува на корисниците пристап до „најсеопфатниот сет на PDF алатки во прелистувачот“.

Објавувањето на овој додаток значи дека корисниците повеќе нема да мора да преземаат Adobe Acrobat или други алатки што овозможуваат пристап до PDF-фајлови на интернет.

Овој додаток е достапен и за Microsoft Edge и ја решава една од најголемите главоболки за многу корисници, обезбедувајќи можност за елегантно уредување и прегледување на PDF документи.

Опциите вклучуваат можност за преземање и споделување PDF фајлови или групни прикази без испраќање прилози.

Отсега натаму, корисниците ќе можат брзо да додаваат коментари, да го истакнуваат текстот и други работи на кои се навикнати – во рамките на прелистувачот користејќи ја новата контролна табла.

Надградбата воведува и можност за електронски потпис без преземање дополнителни алатки. Конечно, новата функција за континуитет ќе овозможи да излезете од PDF или прелистувачот и подоцна повторно да ги внесете сите зачувани промени – на истото место во документот каде што сте го оставиле.

Конечно, прелистувачите ќе можат да ја добијат можноста за уредување на PDF со помош на друга функција која ви овозможува да додавате текст во документот без влез во дополнителна апликација.

 

 

 

.