Acer претстави нов гејминг монитор способен да достигне исклучително високи стапки на освежување. Acer XV271Z има 27-инчен панел и изворна стапка на освежување од 240Hz, која е можно да се оверклокува до 280Hz.

IPS панелот нуди FullHD резолуција, има одзив од 1ms, 1000:1 контраст и 8-битна длабочина на бои. Мониторот покрива 99% од sRGB спектарот на бои и има осветлување од 400 нита. Тоа е доволно за VESA DisplayHDR 400 сертификат, но во официјалната листа на поддржани производи го нема овој модел. Сепак, тука е и поддршката за Acer HDR400 и AMD FreeSync Premium.

Сталакот нуди комплетен сет на ергоносми функции, а тука е и можноста за закачување на ѕид преку VESA 100x100mm поддршка.

На задната страна на мониторот се наоѓаат DisplayPort 1.2, два HDMI порта, 3.5mm приклучок за слушалки, а присутни се и два вградени звучника. Acer XV271Z е достапен по цена од 400 долари.