Sony Xperia XA3 Ultra треба да се официјално да се објави на саемот CES 2019, а сега се појавија нови информации околу телефонот во Европа.

Според DroidShout, претстојната верзија на телефонот од средниот сегмент ќе чини 519 евра во Европа. Ова претставува значително зголемување во споредба со сегашниот Xperia XA2 Ultra модел, кој на стартот имаше цена од 449 евра.

Доколку Sony направи добра работа во поглед на телефонот, тогаш зголемувањето на цените ќе биде оправдано преку подобрените спецификации. Можно е Xperia XA3 Ultra да има Snapdragon 660 или Snapdragon 670 чипсет, кој треба да биде поврзан со 6GB RAM и Android 9 Pie софтвер.

Исто така, се претпоставува дека телефонот ќе има 6.5-инчен дисплеј од 18:9, алуминиумско куќиште и малку поинаков дизајн на задниот дел од неговиот претходник.

Xperia XA3 Ultra ќе биде понудена во црна, златна и сребрена варијанти. Продажбата се очекува да започне во февруари, заедно со моделите Xperia XA3 и Xperia L3, кои исто така ќе бидат достапни во Европа.