Откако тоа претходно го направија Samsung и LG, уште еден гигант на полето на производство на екрани го објави почетокот на масовното производство на 6-инчни LCD панели, со се попопуларниот 18:9 формат. Japan Display произведува 6-инчни дисплеи, со резолуција од 2160х1080 пиксели, кои го носат името Full Active.

Full Active екраните ги карактеризираат тенки рамки од левата и десната страна, а што е уште поимпресивно – долните и горните рамки ќе бидат тенки колку и оние од страна. Според наводите на компанијата JDI, новиот панел е креиран со имплементација на новите технологии на склопување модули.

Со оглед на тоа дека дел од компанијата Japan Display го држи Sony, големи се шансите новите дисплеи да ги видиме во претстојните телефони на Sony.