По неколку месеци гласини и нагаѓања, Samsung наводно почнал со масовно производство на својот Galaxy Z Fold3 телефон со флексибилен екран. Ова го објави дојавувачот Roland Quandt.
Quandt сугерира дека јужнокорејската компанија веќе ги набавила сите главни компоненти за својот флексибилен телефон. Ова значи и дека не сме далеку од официјалната објава на уредот, а гласините сугерираат дека тоа ќе се случи веќе следниот месец.
Се очекува дека Samsung на почетокот на произведе лимитирани количини на Galaxy Z Fold3 телефонот. Производството на Galaxy Z Flip3 моделот се уште не почнало, но тоа не значи дека двата флексибилни модела нема да бидат објавени заедно.
Galaxy Z Fold3 би требало да има 7.55-инчен LTPO AMOLED главен екран, со 120Hz стапка на освежување и поддршка за S Pen. Неодамнешните гласини сугерираа дека Samsung ќе имплементира камера под екранот, а тоа ќе биде 16MP Sony IMX 471 сензор.
Надворешниот, помал дисплеј ќе има 10MP селфи камера, додека системот на камери на задната страна ќе биде ист како кај минатогодишниот модел, со 12MP главен, ултраширок и телефото сензор.