По иницијалното одложување на почетокот на продажбата на Samsung Galaxy Fold, компанијата најавуваше дека би можел да се појави на пазарот во текот на јуни оваа година. Меѓутоа, изгледа дека ни тоа нема да се случи, судејќи според коментарите кои ги даваат официјалните лица од Samsung.

Според нивните наводи, датумот на почетокот на Galaxy Fold се уште не е официјално одреден и се очекува дека тоа ќе биде решено во следните неколку недели. Со оглед на неизвесната иднина на Huawei Mate X, можеби ова е и тактичка одлука на Samsung, кој доби малку повеќе време да се погрижи да бидат решени сите проблеми околу издржливоста на уредот. Да се потсетиме, примероците кои ги добија на тест некои инфлуенсери беа оштетени по неколку дена употреба, поради механизмот за преклопување.

Оригиналниот датум на почеток на продажбата беше 25. април, но поради споменатите проблеми дојде до одложување. Во меѓувреме е одлучено на 31. мај да се изгасат и резервациите за телефонот, а доколку корисниците сакаат и натаму да бидат на таа листа, ќе мораат да дадат експлицитна потврда за тоа.