Оригиналната варијанта на Realme C12 телефонот, со 3 GB RAM меморија и 32GB простор за складирањe беше објавена во август минатата година. Сега на овој смартфон се приклучува и модел со 4 GB RAM и 64 GB простор.

Realme C12 го покренува Helio G35 чипсет, има 6,5-инчен HD+ LCD екран и 13MP тројна камера: сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа на задната страна, а уредот го напојува батерија од 6000mAh.

Realme наскоро ќе го претстави и Realme C20 моделот, кој ќе пристигне во најмалку две бои – црна и сина. Уредот ќе работи со Helio G35 чипсет, со 2 GB RAM и 32 GB простор за складирање.

C20 ќе има 6,5-инчен HD+ екран и вкупно две камери: селфи од 5MP и главна камера од 8MP од задната страна. Уредот ќе се напојува од батерија од 5000mAh со поддршка за 10W полнење од 10W.