Huawei Mate 20 Lite им придружува на моделите кои се натпреваруваат во нешто што би го нарекле средна класа. Неговата цена од околу 400 евра, како и кај другите Lite модели, повеќе не е толку мала како порано, но и напредокот на овие телефони навистина е фасцинантен.

Mate 20 Lite донесува многу интересен дизајн, но и нов чипсет кој има задача да се бори со опасната конкуренција. Во оваа конкуренција се наоѓаат уредите како што се Motorola Moto Z3 Play, Xiaomi Pocophone F1, Samsung Galaxy A8, Honor Play, Nokia 7 Plus кои сите имаат слична цена. Меѓутоа, секој од овие телефони е приказна за себе и навистина донесува некој поинаков, специфичен баланс. Истото важи и за Mate 20 Lite. Кои се неговите адути?

ДИЗАЈН

Mate 20 Lite е преубав телефон. Го добивме во сина боја, што донекаде е реткост, бидејќи обично за потребите на тест добиваме стандардни варијанти кои се со црна боја и често не се во состојба да ја доловат убавината на уредите во други нијанси. Овој пат – рамките од предната страна се црни, додека задната страна на уредот го краси стакло во темно сина нијанса.

За впечатокот придонесуваат две работи. Првата е дека рамките насекаде се заоблени, па така споевите се уште поелегантни, посебно однапред каде што стаклото се спојува со рамката по пат на 2.5D заоблени рабови. За жал, нема никакви информации дали ова е Corning Gorilla Glass стакло. Втор фактор е дека од сите страни е присутно стакло, така што на задната страна отсјајува и си поигрува со светлината, креирајќи исклучително допадливи ефекти на прелевање. Навистина, Mate 20 Lite е многу убав телефон.

Но, тоа не значи дека не се мислело и на функционалните аспекти. Смартфонот одлично лежи во рака и вистинско задоволство е да се држи. На задниот дел под камерите е сместен скенер за отпечатоци од прсти. Од десна страна се наоѓаат копчињата за екранот и звукот, а лево хибридниот Dual SIM слот. На долниот дел се сместени USB-C конектор, 3,5-mm влез за слушалки, како и звучникот. Камерите се благо испакнати во однос на задната страна, но не претерано.

ХАРДВЕР И ПЕРФОРМАНСИ

Под хаубата на сите Huawei (па и Honor) телефони од средната класа, вообичаено се наоѓа идентичен чипсет. Претходната година, моделите како Mate 10 Lite, Honor 7X, P Smart или оваа година P20 Lite ги одликуваше присуството на Hisilicon Kirin 659 чипсетот. По традиција, на Mate Lite линијата и припаѓа воведувањето на нов чипсет во игра. Па така, Mate 20 Lite пристигнува со Kirin 710 процесор.

Многу е важно да се сфати класата на која „цели” Huawei со својот чипсет, за правилно да се сфати колкав напредок е остварен. Kirin 659 е чипсет кој е креиран како ривал на Snapdragon 625 чипот, при што во оваа класа во изминатата година пристигна не само Snapdragon 630, туку и Snapdragon 636. Поради тоа, логиката вели дека Kirin 710 би требало да биде нивен конкурент. Мешутоа, нашите тестирања покажаа дека е овој чипсет, сепак, е подобро да се спореди со Snapdragon 660, позициониран во нешто повисоката категорија. Всушност CPU делот е нешто посилен, GPU нешто послаб од него, но јасно е дека Kirin 710 е голем, голем чекор напред во однос на Kirin 659.

Осмојадрениот процесор комбинира четири Cortex-A73 јадра, кои работат на 2,2 GHz и четири Cortex-A53 јадра, кои работат на 1,7 GHz. За графиката за грижи унапредениот Mali-G51 MP4, кој има задача да го поправи токму она што беше болната точка на претходната генерација. Исто така, треба да се знае дека новиот чипсет е изработен во 12-нанометарска технологија. Поради тоа се очекува и да има подобра енергетска ефикасност, иако тоа никогаш не била посебна болка на чиповите на Huawei, кои речиси секогаш пружале одлична автономија.

ЕКРАН

Mate 20 Lite доаѓа со одличен IPS екран. Се работи за добропознатиот FullView концепт, со однос на страници од 19,5:9, кој тежнее да го развлече екранот од раб до раб, што резултира со покриеност на предниот дел со екран од дури 81,7 проценти. Но, за разлика од претходникот, Mate 20 Lite има засек (notch) во врвот на екранот. За среќа, преку софтверски пат тоа лесно може да се регулира со избор на соодветна опција која ги маскира “роговите” на исечокот.

Самиот екран има прилично голема дијагонала од 6,3 инчи. Но, благодарение на многу издолжените страници, но и заоблените рабови, уредот многу убаво лежи во рака. За добриот впечаток придонесуваат и материјалите, па на тој начин, стаклото и неговиот слој во комбинација со димензиите резултираат со одличен, неочекувано за вака голема дијагонала, дури и доколку немате посебно голема дланка. Во морето позитивни впечатоци, треба да се истакне и големата резолуција 2340 х 1080 пиксели, а густината на приказот изнесува 409 пиксели по инч.

СОФТВЕР

Кога е софтверот во прашање, Mate 20 Lite доаѓа со Android 8.1 оперативниот систем. Истовремено, треба да се забележи дека EMUI интерфејсот пристигна во 8.2 верзија, со што наизглед и привремено е раскината врската помеѓу корисничкиот интерфејс и самиот OS. Слична работа видовме и на Honor Play телефонот, кој исто така дојде во Android 8.1 + EMUI 8.2 комбинација.

КАМЕРА

Mate 20 Lite располага со четири камери – две напред и две одзади. Во двата случаја, помошните камери се сензори од само 2 мегапиксела кои служат за ефектот на длабочина. Главниот сензор на задната камера има резолуција од 20 мегапиксели, додека главниот сензор на предната камера има цели 24 мегапиксели.

БАТЕРИЈА

На самиот крај, многу важно прашање за комплетна анализа и проценка на однесувањето на телефонот е батеријата. Таа всушност треба да ја илустрира енергетската ефикасност на новиот чипсет, а Huawei е традиционално познат по тоа дека траењето на батеријата му е голем адут во ракавот.

Резултатите се – одлични! Смартфонот пристигнува со батерија од 3750 mAh, што е масивен капацитет во секоја смисла. По 10 часа гледање YouTube видеа, останаа дури 44 проценти од батеријата. Мислиме дека и попрофесионалните корисници лесно ќе извлекуваа и по два дена работа на овој телефон, а сите останати, дури и повеќе. Навистина, Mate 20 Lite е одличен по ова прашање и се покажува како едно од најимпресивните решенија. Добар дел од овие заслуги одат на сметка на Kirin 710 чипсетот, кој очигледно е енергетски многу ефикасен.

ЗАКЛУЧОК

Mate 20 Lite е исклучително добар телефон и одличен исчекор на Lite линијата на Huawei телефони. Гледаме дека е унапреден по сите прашања, како и според перформансите. Но, конкуренцијата е никогаш пожешка. Големата навала од сите страни драматично ја усложнува ситуацијата. Како Huawei се бори со тоа?

Едно е сигурно – со силата на Huawei брендот, Mate 20 Lite ги има сите предуслови да биде еден од лидерите на категоријата во која е позиционира, ако не и сам лидер. Главен адут му е тоа што дефинитивно е најубавиот смартфон во класата. Поради тоа би му го доделиле признанието за напреден дизајн.

Huawei Mate 20 lite е достапен кај сите партнери на компанијата во Македонија и може да се купи за цена од 24.000 денари, а може и помалку доколку во моментот има промоција.

Предности:

  • Исклучителен дизајн – најубав телефон во средната класа
  • Одлично балансиран смартфон
  • Солидна автономија на батеријата
  • Димензиите и големината одлично одмерени
  • Kirin 710 чипсетот и напредокот во однос на претходната генерација процесори

Недостатоци:

  • Се нудат хардверски помоќни телефони за слични пари.
  • Без декларирана отпорност на удари, вода и прашина.