Технолошките фирми сакаат производителите на автомобили да плаќаат такси за лиценци поврзани со технологиите неопходни за функционирање на системите за навигација, комуникација и автономно возење

Daimler се согласи да и плаќа на Nokia за користењето на нејзините патенти, со што се стави крај на спорот кој се фокусираше на борбата помеѓу технологијата и автомобилските компании околу авторските права за употреба на клучните технологии.

Daimler и Nokia (која заработува 1,4 милијарди евра годишно на сметка на лиценци) се тужеа едни со други во германските судови во последните години со варијабилни резултати.

Технолошкиот гигант сака производителите на автомобили да плаќаат надомест за употреба на технологии во системите за навигација, комуникација и автономно возење. Сепак, автомобилските компании сметаат дека тоа треба да го плаќаат нивните добавувачи, со што би се намалиле давачките за сопствениците на патенти.

Договорот објавен вчера означи нова победа за Nokia, која во април постигна договор со кинескиот Lenovo, според кој најголемиот производител на компјутери во светот ќе изврши нето рамнење со финскиот телекомуникациски гигант и ќе ги реши сите тековни спорови.

Случајот следеше по договорот со Samsung од претходниот месец, според кој јужнокорејската компанија се согласи да плаќа авторски права за технологии поврзани со видео-стандарди.

Nokia и Daimler не ги соопштија условите на договорот за лиценцирање на патенти, но соопштија дека ќе го прекинат судскиот спор. Досега германскиот производител не и платил на Nokia не „денар“ за употребата на нејзините патенти.

„Го поздравуваме договорот од економска гледна точка и од причина што ќе избегнеме долг „спор“, изјави портпаролката на Daimler.

„Ова е добра вест за Nokia“, изјави аналитичарот на данската банка Мадс Розендал. „Текот на приходите веројатно нема да биде значителен, но барем ќе биде многу стабилен и со висока маржа. Исто така, завршувањето на спорот треба да заштеди значителна сума заради судските трошоци во иднина. „Според наше мислење, ова заврши позитивно за Nokia“, дополнува тој.

Сепак, германскиот снабдувач Continental, кој заедно со Daimler, Bury Technologies, Vale и Gemalt се пожали до антимонополските власти на ЕУ во 2019 година за надоместокот исплатен на Nokia, нема да ја повлече својата жалба или да го прекине судскиот спор во САД.

Ова ја принуди Европската комисија да формира обврзувачка рамка за лиценцирање на патенти.

Audi, Bentley, BMW, Mini, Porsche, Rolls-Royce, Seat, Škoda, Volkswagen и Volvo веќе плаќаат компензација на Nokia.

Извор: Додај Гас