Според Рос Јанг, Извршен директор на Display Supply Chain Consultants, скратено DSCC, компанијата Samsung очекува да има зголемена продажба на претстојниот флексибилен уред Galaxy Z Flip4, наследник на необичниот и популарен уред Galaxy Z Flip3.

Според Јанг, Samsung Display се очекува да започне со испорака на овие панели во април, а обемот на испораката се очекува да биде 60% поголем од минатата година за Galaxy Z Flip3. Во бројки, тоа е приближно 8,7 милиони панели за 2022 година и Z Flip4 во споредба со 5,1 милиони панели за претходната година и Z Flip3.

Уште еден заклучок што можеме да донесеме од овие податоци е дека Samsung ќе се фокусира повеќе на своите покомпактни Galaxy Z Flip уреди, наместо на поголемите Z Fold смартфони.

Една од причините за овој потег е пониската цена на уредот, што предизвикува и поголема популарност и распространетост кај корисниците. На домашниот пазар ваквите мобилни уреди сè уште се реткост, но доколку ова зголемување на производството би влијаело на намалената цена, можеби тоа наскоро би можело да се промени.