Истражувачите од безбедносната компанија Red Canary тврдат дека речиси 30.000 Mac компјутери низ целиот свет се заразени со мистериозен злонамерен софтвер, односно малвер. Најголем број од заразените компјутеро се концентрирани во САД, Велика Британија, Канада, Франција и Германија.
Според аналитичарот Тони Ламберт, програма која се наоѓа на компјутерите „не се однесува како што би очекувале од таква програма, што инаку ги таргетира macOS системите“. Оваа програма ја нарекоа Silver Sparrow (Сребрен врабец). Неговата цел не е позната, но се знае дека „вклучува механизам за самоуништување кој сè уште не е користен“, напоменуваат истражувачите.
Ова звучи прилично мистериозно, но тоа е затоа што ни самиот малвер сè уште не е истражен доволно. „Сребрениот врабец“ содржи код што работи на M1 чипот на компанијата Apple, кој се појавi на пазарот во ноември минатата година, што го прави втор познат малвер кому тоа му успеало.
„Иако досега не забележавме дека програмата направила дополнителна штета, со оглед на карактеристиките на М1 чипот, можеме да кажеме дека „Сребрениот врабец“ претставува сериозна закана “, наведуваат истражувачите. Според веб-страницата Malwarebytes, овој малициозен софтвер е пронајден на Mac компјутерите во дури 157 земји.
Тука може да се промени дали некој Mac уред е загрозен или не.