Новата PlayStation 5 конзола на Sony за многумина не е евтина, а што да се каже за позлатениот модел од половина милион долари.

Caviar подготви PS5 конзола украсена со 18-каратно злато, а со неа доаѓаат и контролери покриени со алигаторска кожа. Компанијата има намера да понуди само девет примероци, а секој од нив чини 499.999 американски долари.

За производство на ваква конзола се потребни четири месеци, а Caviar на овој проект соработува со партнер специјализиран за златен накит. Досега пристигнале околу 1.500 апликации.

Стандардниот PlayStation 5 на пазарот чини 499 американски долари.