Американскиот производител на електрични автомобили Tesla оствари речиси една милијарда долари од вложувања во биткоини, изјави аналитичарот Даниел Ив.

Според него, „компанијата би можела од вложувањата во биткоини да заработи повеќе отколку од продажбата на своите електрични возила во цела 2020 година“.

На почетокот на овој месец, Tesla во поднесокот доставен до Комисијата за хартии од вредност открил дека купил биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари за да го направи „пофлексибилен за натамошно диверзифицирање и максимизирање на поврат на готовина“.

Тргувањето е објавено минатиот месец, но компанијата не открива точно кога и по која цена. Засега не се знае дали Tesla продала некои од купените биткоини.

Најголемата светска дигитална валута забележа невиден раст оваа година, достигнувајќи постојано нови рекордни нивоа.

Даниел Ив не објаснува како дошол до пресметувањето на заработката на Tesla од биткоинот. Според податоците на КоинДеск, цената на оваа криптовалута на 31 јануари била на дневен максимум од 34.793,45 долари, а на 20 февруари, кога Ив ја објавил својата белешка, изнесувала 57.487,03 долари.

Тоа претставува раст од околу 65 проценти, што значи дека профитот на „Тесла“ од вложување на 1,5 милијарди долари во биткоин во тој временски период би изнесувал околу 975 милиони долари. Бидејќи биткоинот достигна денеска нов историски рекорд од 58.332,36 американски долари, профитот на Тесла надминува една милијарда долари.