Poco неодамна потврди дека планира објава на исчекуваниот Poco F3 GT телефон, кој ќе биде претставен на 23. јули. Меѓутоа, покрај тој модел, Poco го подготвува и Poco X3 GT, кој се очекува во следните недели.

Poco X3 GT сега се појави и на сертификациски листинг на NBTC агенцијата, што дополнително сугерира дека од објавата на телефонот не не дели премногу време.

Се очекува дека Poco X3 GT ќе пристигне како некој од ребрендираните Redmi телефони, а можно е дека тоа ќе биде Redmi Note 10 Pro 5G.

Доколку тоа се случи, Poco X3 GT би требало да има 6.6-инчен LCD екран, со punch-hole отвор за 16MP селфи камера, FHD+ резолуција и 120 Hz освежување. Уредот го штити слој од Gorilla Victus стакло.

На задната страна се очекува систем со три камери, кој го сочинуваат 64MP главен сензо, 8MP ултраширок и 2MP макро сензор. Чипсетот кој го покренува телефонот е MediaTek Dimensity 1100, а уредот го напојува 5000mAh батерија со поддршка за 67W брзо полнење.