Се очекува дека следниот флексибилен уред на компанијата Huawei ќе го носи името Huawei Mate X2. Ова веројатно ќе биде целосно нов телефон, а не надградба каква што беше Mate Xs за оригиналниот Mate X.
Една од промените која новиот флексибилен смартфон ќе ја имплементира е стандардот за брзо полнење. Кинеската 3C агенција веќе сертификуваше уред со поддршка за 66W брзини на полнење, што е за над 20 проценти побрзо во однос на претходните два Huawei телефони на преклоп.
Засега не е многу познато за Huawei Mate X2, со исклучок на информациите за можноста на поврзување на Wi-i 6 и користење на EMUI 11 софтверот. Досега слушнавме гласини за тоа дека телефонот би можел да го промени форматото – наместо да се свиткува кон внатре, екранот ќе се расклопува кон внатре како кај Galaxy Fold серијата.
Новиот формат би требало да значи дека Huawei однадвор ќе имплементира нов дисплеј. Некои гласини укажуваат и на постоење на четири камери на задната страна, како и уште две од предната страна кога уредот е склопен. Кога телефонот е отворен, селфи камерите нема да бидат достапни.
Вториот дизајн сугерира имплементирање на паметно пенкало, но засега се уште нема официјални информации од компанијата Huawei.