Јужнокорејската компанија Samsung го претстави својот нов Exynos чипсет, кој ќе биде вградува во нивните идни премиум модели.

Во прашање е новиот Exynos SoC со ознака 9820, кој на флегшип телефоните на Samsung од новата генерација ќе им овозможи побрза работа и подобри перформанси во апликациите и игрите.

Бидејќи новиот чипсет бара помалку енергија, тоа позитивно ќе се одрази и на помалата потрошувачка на батеријата.

Како и Kirin 980 на Huawei, Exynos 9820 ќе има конфигурација со три кластери.

Samsung се одлучи за комбинација со два Custom CPU јадра од четвртата генерација: два Cortex-A75 и четири Cortex-A55 јадра.

Exynos 9820 е изработен во 8 нанометарски LPP FinFET процес, што му обезбеди 10 отсто помала потрошувачка во однос на 10nm LPP процесот, на кој е заснован Exynos 9810.