AMD оваа година ги претстави Ryzen 5000 десктоп процесори, додека нивните мобилни пандани се очекуваат на почетокот на 2021. година. Изгледа дека работата на Ryzen 5000 mobile APU прилично напредува, ако се суди според листингот на Amazon страницата во Италија, каде што е прикажан лаптоп со Ryzen 7 5700U APU.

Лаптопот од листингот го носи името Acer Aspire 5 и има цена од 779 евра. Според листингот, кој во меѓувреме е отстранет, лаптопот (A515-45-R2J2) би требало да го има претстојниот Ryzen 7 5700U процесор, 8GB DDR4 RAM, 512GB PCIe NVMe SSD, WiFi-6 конекција, 15.6-инчен IPS екран. Куќиштето делува неизменето во однос на актуелните Aspire 5 лаптопи.

Иако тоа се уште не е потврдено, се очекува дека AMD Ryzen 5000 APU ќе ги има Lucienne (Renoir refresh) и Cezanne (Zen3) архитектурите на процесор. Единствената каракатеристика  која листингот ја покажува за Ryzen 7 5700U процесорот е основниот такт од 1.8 GHz.