Корисник на кинеската социјална мрежа Weibo неодамна напиша за една непријатна ситуација во која се нашол.

Како што објави на оваа платформа, овој корисник купил нов телефон OnePlus 12, а под капакот не нашол ништо помалку од – мртва бубачка.

Компанијата OnePlus соопшти дека се свесни за овој инцидент и дека работат со клиентот за да го решат проблемот.

OnePlus се продава како премиум телефон со моќни компоненти, а со сето тоа има пристапна цена и многу иновации во однос на претходните модели.

Начинот на кој е склопен телефонот, сепак, предизвикува сомнеж за квалитетот на деловите, не само поради пронајдената бубачка, туку и поради некои други компоненти кои не биле добро залепени.