OnePlus конечно претстави вистински наследник на минатогодишниот Nord телефон. OnePlus Nord 2 5G пристигнува со некои карактеристики од премиум сегментот, но и натаму ја задржи цената која е во доменот на средниот сегмент на пазарот.

Nord 2 има 6.43-инчен AMOLED екран, со 90Hz стапка на освежување и FHD+ резолуција. Од предната страна се наоѓа една 32MP селфи камера, во однос на системот со две камери од минатогодишниот модел, но Nord 2 имплементира два звучника.

На задната страна има три камери, предводени од 50MP Sony IMX 766 главниот сензор, со оптичка стабилизација на сликата (OIS) и Digital Overlap HDR (DOL-HDR) поддршка. Тука е и ултрашироката камера од 8MP и 2MP монохроматскит сензор.

Иако OnePlus досега секогаш се потпираше на Qualcomm чипсетите, овој пат компанијата одлучи OnePlus Nord 2 да го покренува прилагоден MediaTek Dimensity 1200 AI чипсет. Овој SoC нуди перформанси блиски до оние на премиум чиповите, а се комбинира со 6 GB, 8GB или 12GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање.

Батеријата од 4500mAh го напојува телефонот, а се полни со 65W Warp Charge адаптер за , што би требало да овозможи два дена употреба. Батеријата се полни до врв за 30 минути. Кога станува збор за софтверот, тука е Oxygen OS 11.3 базиран на Abdroid 11. OnePlus за телефонот ветува две големи Android ажурирања и три години безбедносни ажурирања.

Nord 2 пристигнува во Blue Haze, Grey Sierra и Green Woods (ексклузивно за индискиот пазар) варијанти. Телефонот најпрвин ќе биде достапен на пазарите во Европа и Индија, од 28 јули, по почетна цена од 399 евра за моделот со 6GB RAM и 128GB простор за складирање.