Аналитичката компанија Canalys ги објави најновите резултати за глобалниот пазар на паметни телефони.
Според анализата на Canalys, глобалниот пазар на паметни телефони продолжува да бележи силен раст во вториот квартал од оваа година.
Во периодот април-јуни беа испорачани 288,9 милиони уреди. Целиот пазар бележи раст трет месец по ред, а на тоа најмногу влијаеја иновациите на производите и подобрените деловни услови.
Global smartphone market surged 12% in Q2, with all regions rebounding strongly
📲Shipments reached 288.9m units
📲The market has grown for three consecutive QsTop 5 vendors for Q2 2024:#Samsung#Apple#Xiaomi#Vivo #Transsion
Read the full report: https://t.co/3YEI418i7W pic.twitter.com/MGMDnNv7Eo
— Canalys (@Canalys) August 1, 2024
Canalys објави дека Samsung останува водечки производител на телефони, а јужнокорејската компанија забележала 53,5 милиони испораки во текот на вториот квартал. Сепак, ова претставува скромен раст од два и пол проценти.
Apple е на второ место, со испорачани 45,6 милиони уреди, додека Xiaomi е трет со пазарен удел од 15%.
Vivo се врати на четвртото место, додека TRANSSION е петти со испорака од 25,5 милиони единици и пазарен удел од девет проценти.