Вчера имавме прилика да видиме рендери од стандардниот Galaxy Tab S8 таблет, а сега тука се фотографиите на премиум Galaxy Tab S8 Ultra моделот на Samsung.

Таблетот во својот 14,6-инчрн екран би можел да има засек за предната камера, што секако претставува подобро решение од конвенционалниот дизајн со имплементирање на камерата во големата рамка.

На задната страна, Galaxy Tab S8 Ultra ќе има систем со две камери и препознатлива магнетна лента за сместување на S pen паметното пенкало. Изворот на рендерите истакнува дека фотографиите не се 100 проценти комплетни, така што постои можност дизајнот во одредена мерка да биде изменет.

Кај стандардниот Tab S8, како и кај S8+ моделот не се очекуваат засеци во дисплејот за селфи камерата. Не е познато кога Galaxy Tab S8 серијата ќе биде претставена, а изворите сугерираат дека тоа ќе се случи во текот на ноември или декември, додека некои го споменуваат и почетокот на 2022. година.