Претстојниот телефон на компанијата Realme, познат како X3 SuperZoom е неодамна сертификуван од Bluetooth SIG и неколку други сертификациски тела.

Сега дојавувачот @Sudhanshu1414 објави некои дополнителни информации за телефонот, а според неговите сознанија Realme X3 SuperZoom ќе има 4200mAh батерија со поддршка за 30W брзо полнење.

Претходно уредот на Geekbench беше поставен со Snapdragon 855+ чипсет и 12GB RAM. Иако е можеби необично што телефонот би можел да функционира на нешто постара платформа, ова има смисол доколку компанијата планира да ги намали трошоците и X3 да го направи подостапен за корисниците.

Самото име Realme X3 SuperZoom сугерира дека ќе пристигне со способен систем на камери, кои најверојатно ќе имаат и супериорни можности за зумирање.