Samsung, Huawei, Sony, LG и останатите големи мобилни компании веќе ги претставија своите најсилни паметни телефони, па сега останува уште компанијата OnePlus да се пофали со својот нов паметен телефон кој што според гласините, ветува многу.

Кинеската компанија започна полека, но сигурно да се пробива на пазарот со комбинација на квалитет и пристапна цена и во претходните неколку месеци помпезно се најавува пристигнувањето на моделот OnePlus 6.

Иако официјални информации нема, благодарение на објавата на германски „Амазон“ која што за кратко беше отстранета, јавноста ги дозна речиси сите опции на овој уред, како и почетокот на неговата продажба.

Според информациите на Amazon, OnePlus новата „шестка“ ќе ја претстави на 22-ри мај, а не на 16-ти мај како што се најавуваше.

Дијагоналата на екранот не е откриена, но според претходните гласини би требало да изнесува 6,28-инчи (станува збор за AMOLED Full HD+ екран) и како што претходно објавија од компанијата, телефонот ќе го има таканаречениот “Notch”, односно хардверски дел на врвот од предната страна кој го популаризираше iPhone X, на кој што се наоѓа предната камера.

На задната страна ќе бидат сместени две камери (се шпекулира околу резолуции од 20 и 16 мегапиксели), а речиси сигурно новиот OnePlus 6 ќе пристигне и со водоотпорност.

Извор: Zimo.hr