Расте притисокот врз Microsoft да ја прошири поддршката за Windows 10, кој останува најкористен од сите верзии на оперативниот систем.

Беше покрената петиција, иницирана од Public Interest Research Group (PIRG) – заедница на американски и канадски непрофитни организации, барајќи безбедносните ажурирања за Windows 10 да продолжат и по 2025 година.

Во текстот на петицијата се наведува дека многу компјутери ќе станат „е-отпад“ по октомври 2025 година.

Патем, Windows 11 не е можно ни да се инсталира на многу стари компјутери поради хардверски барања, додека Windows 10 работи добро на истите тие уреди. Покрај ова, се посочува и дека милиони од оние кои имаат Windows 10 не би можеле да си дозволат нови компјутери.

Последното безбедносно ажурирање за Windows 10, како што планира Мајкрософт, ќе пристигне на 14 октомври 2025 година, по што оваа верзија на популарниот оперативен систем ќе станува сè поризична за користење.