Vivo S12 серијата пристигнува во среда, на 22 декември, а веќе знаеме дека телефоните ќе имаат тројна камера на задната страна, со уште две селфи камери од предната страна.

Брендот објави краток видео тизер на својата Weibo страница, откривајќи дека селфи фотографиите дополнително ќе бидат подобрени со две LED светла. Vivo ќе постави два блица на предната страна на S12 Pro, кои ќе бидат вградени во тенка рамка на врвот.

Едната од предните камери ќе има сензор од 50 MP, а другата очекуваме да биде ултраширока камера од 8MP, наследена од vivo S10 серијата. Компанијата ја рекламира предната страна со „четири меки светла“, што во реалноста значи дека двојните LED блицови ќе бидат со двојни тонови. Компанијата ветува и уште други изненадувања, пренесува изворот на GSM Arena од Weibo.

 

Што се однесува до спецификациите, сè уште ни е тешко да дознаеме нешто ново. Според гласините, S12 Pro ќе работи со Dimensity 1200 чипсет и ќе има 6,5 инчен OLED екран на предната страна. Батеријата се очекува да биде околу 4.200-4.300 mAh, и додека се очекува брзо полнење од 44 W, сепак би сакале да видиме како Vivo го донесува стандардното полнење од 55W во S серијата.