Realme во мај го претстави Realme Watch паметниот часовник, а потоа најави дека Watch S Pro ќе пристигне во текот на четвртиот квартал на 2020. година. Сега одделението на компанијаѕа од Пакистан, на Twitter објави фотографија која укажува на тоа дека стандардниот Realme Watch S ќе биде претставен на 2. ноември.

Твитот вклучува и фотографија која го открива дизајнот на Realme Watch S паметниот часовник, како и различните позадини и ремени што ќе ги има носечкиот уред.

Realme Watch S ќе има 1,3-инчен кружен екран, со автоматско осветлување, како и батерија која нуди петнаесетдневна автономија на работа. Паметниот часовник пристигнува со 16 спортски модови и ќе има сензори за мерење на работата на срцето и нивото на кислород во крвта.

Повеќе детали за Realme Watch S паметниот часовник ќе дознаеме во текот на официјалната презентација на 2. ноември.