Аналитичарот и новинар Марк Гурман во својот најнов извештај сугерира дека Apple планира наскоро да го претстави својот долгоочекуван уред.

Уредот AR/VR на компанијата ќе биде претставен на пролет, според извештаите, пред WWDC конференцијата на Apple во јуни. Уредот треба да се појави во продажба наесен.

Гурман истакнува дека прототипот на хардверот е веќе доставен до мал број програмери за тестирање. Сепак, тој вели дека уредот се уште не е готов и дека Apple се уште работи на подобрување на некои елементи од хардверот и софтверот.

За уредот на Apple за зголемена и виртуелна реалност се зборува со години. Првичниот план на компанијата беше да го претстави во јануари годинава, што го потврди и Гурман, но бидејќи не можеа да го завршат навреме, неговото претставување беше одложено.

Со уредот AR/VR, Apple ќе влезе на сосема нов пазар, но не се очекува да има преголема побарувачка за него на самиот почеток, бидејќи се навестуваше можна цена од околу 3000 долари.