Xiaomi 12 Pro го преживеа тестот за издржливост, спроведен од популарниот YouTube канал JerryRigEverything. Тестот исто така покажува дека телефонот е структурно подобар во споредба со моделот OnePlus 10 Pro.

Претходно Зак од споменатиот канал го тестираше OnePlus 10 Pro, кој беше преполовен под товарот на неговите раце. Xiaomi 12 Pro и OnePlus 10 Pro имаат слични спецификации, а двата телефони се подложени на гребење на екранот и грбот, палење на дисплејот и тест за свиткување.

Xiaomi 12 Pro користи Corning Gorilla Glass Victus заштита за дисплејот, така што на него може да се видат гребнатини од шестото ниво на скалата Мос, со подлабоки засеци на седмото ниво. Но, ова е нешто што телефонот веројатно нема да го доживее при секојдневна употреба.

Кога станува збор за тестот за отпорност на екранот кога е изложен на отворен пламен, екранот покажува бела трага по 30 секунди. Задниот дел на телефонот има мат финиш, кој лесно се гребе, додека рамката е изработена од алуминиум.

Кога станува збор за тестот за свиткување, Xiaomi 12 Pro останува недопрен под притисокот на рацете, иако може да се слушнат некои звуци на крцкање што укажуваат на некое внатрешно оштетување. Сепак, телефонот е целосно функционален и го преживеал овој тест.