Доколку сакате да паметен часовник, но не ви се допаѓа идејата често да ја полните неговата батерија, тогаш дефинитивно треба да го погледнете новиот PowerWatch X.

Компанијата Matrix Industries го претстави првиот модел на паметниот часовник PowerWatch уште во 2016-та година. Тогаш компанијата откри дека нивниот часовник се разликува од останатите по тоа што го користи термоелектричниот конвертор на енергија за да се полни со вишокот на телесната топлина.

Сепак, иако PowerWatch беше единствен таков паметен часовник кој што не треба да се полни, сепак паметниот часовник беше прилично многу ограничен – имаше само некои од основните фитнес тракинг функции.

Сепак, оваа година споменатата компанија на саемот за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас се пофали со новиот, многу помоќен и понапреден паметен часовник.

Новиот PowerWatch X е далеку понапреден, водоотпорен, успева повеќе да ја користи топлинската енергија на нашето тело за напојување, а ги прикажува и нотификациите кои што пристигнуваат на паметниот телефон поврзувајќи се со уредот преку Bluetooth.

PowerWatch X моментално е изложен на Consumer Electronics Show во Лас Вегас и неговата цена изнесува 249,99 долари.

Извор: Klix.ba