Sony има повеќе ексклузивни игри од Xbox, според Microsoft, кој исто така тврди дека многу од ексклузивните наслови на неговиот ривал се со подобар квалитет.
Microsoft ова го изјави на британската CMA (Competition and Markets Authority), при новиот извештај што компанијата го достави до оваа агенција за контрола на конкуренцијата на пазарот.
Производителот на конзолата Xbox укажа на податоците на Metacritic, кои покажуваат дека Топ 20 ексклузиви на PlayStation имале просечна оценка од 87/100 во текот на 2021 година, во споредба со ексклузивците на Xbox кои имале просечна оценка од 80/100 во истиот период.
Покрај подобрите оценки и статистики, Microsoft истакна дека податоците покажуваат и дека ексклузивите на PlayStation учествуваат со 10-20% од продажбата на игри на оваа конзола, додека ексклузивите на Xbox учествуваат со 0-10% од продажбата на игри. Ова се однесува на продажба на физички копии, како и на дигитални „in-game купувања“.
Microsoft во својот извештај истакна дека не планира да ги отстрани игрите на Activision Blizzard кои се ексклузиви на PlayStation. И покрај ова, CMA останува загрижена дека ова е можност.
За да ги смири стравовите на CMA, Microsoft забележа дека дури и ако Activision ги направи игрите ексклузивни за Xbox, Sony сепак има подобри ексклузивци кои се попримамливи.
Activision Blizzard стои зад насловите како Overwatch, Diablo, Call of Duty, World of Warcraft, Candy Crush и StarCraft. Sony е најмногу загрижен за Call of Duty, бидејќи е огромна франшиза која привлекува луѓе, дури и случајни гејмери.
Целата оваа приказна започна по одлуката на Microsoft да го купи Activision Blizzard. Велика Британија одлучи да ја разгледа оваа аквизиција, додека неколку земји (вклучувајќи ги Бразил и Саудиска Арабија) веќе дадоа дозвола за купопродажниот договор.
Поврзани артикли