Апликацијата Google Photos добива значајни унапредувања, а некои од нив се анимации направени од фотографиите и сигурносен фолдер.

Google Photos наскоро ќе има можност да креира анимирана, подвижна фотографија во случај кога корисникот ќе направи две слични, така што ќе ги комбинира. Синтезата на движења меѓу двете фотографии ќе ја овозможи машинското учење. Google ќе креира нови рамки меѓу нив, а резултатот ќе биде „жива подвижна фотографија“. Во Google веруваат дека ова ќе посебно ќе им се допадне на родителите, чиј вишок на слични фотографии ќе биде искористен за нешто интересно.

Новата функција е наречена „cinematic moments“, а ќе биде достапна на уредите со Аndroid и  iOS.

Google најави и фолдер кој ќе може да се заклучи, а во него ќе биде можно да се складираат одредени фотографии, така што нема да се појавуваат во photo feed-от или во другите апликации. Се работи за таканаречениот Locked Folder, односно заклучен фолдер во кој ќе можат да се складираат сензитивни фотографии.

Во текот на најавувањето на функцијата на Google I/O конференцијата, прикажан е пример на родители кои пробуваат да го скријат купеното куче од децата.

Функцијата првобитно ќе се појави на Pixel уредите, но во текот на оваа година пристигнува и на останатите смартфони на Android. Слична можност веќе нудат апликациите од трети страни, а многу корисници на Samsung веќе имаат пристап до Secure фолдерот достапен на некои Galaxy телефони.