WhatsApp работи на нова опција за исчезнување на пораките во разговорот

Во моментов во апликацијата WhatsApp може да се подеси пораките да исчезнуваат после одредено време, но тоа мора да се направите за секој разговор посебно.

Facebook со новиот режим сака да креирс опција за исчезнување која ќе може да се активира за секој чет, без посебни подесувања.

Опцијата ќе биде во сетинзите за приватност и кога еднаш ќе се активира, ќе може да се користи при секое допишување.

Исчезнувањето на пораки е воведено во 2020 година и може да се намести пораките да исчезнуваат после седум дена. Новата опција носи исчезнување на пораките после 24 часа.

Оваа информација ја пренесе WABetainfo, а откри и дека WhatsApp ја тестира оваа опција и дека ќе се вика Dissapearing mode.

Извор: B92.net