Конзолите на Microsoft Xbox Series X и S се покажаа како многу популарни за емулација, како што покажува најновиот проект.

Неодамна, корисниците на Xbox најдоа начин да инсталираат RetroArch на малопродажните верзии на конзолите Xbox Series X/S, без да треба да го активираат Developer Mode. Digital Foundry сега го искористи овој хак за инсталирање на Windows 98 на системите Xbox Series X.

Со најновата конзола на Мајкрософт, Digital Foundry инсталираше еден од класичните оперативни системи на Мајкрософт, дозволувајќи му на системот да покрене легендарни игри од деведесеттите, како што се Command and Conquer, Half-Life, Quake, Turok и Unreal.

За жал, овој емулиран систем на Windows 98 не може да покрене оригинални дискови на диск-уредот Xbox Series X, што значи дека корисникот мора да креира ISO-датотеки и да ги пренесе на Xbox. Исто така, ќе треба да се користи контролер на Xbox за да се имитира глушец.

Интересно е да се види како корисниците на Xbox наоѓаат иновативни начини да ги искористат предностите на најновите конзоли на Microsoft. За многу од нив, конзолите од серијата Xbox во developer режим се најдобрата станица за емулација.

Сега некои од овие потенцијали можат да ги користат корисниците на малопродажните верзии на системот Xbox.