Следната генерација на паметни часовници на Apple пристигнува со помоќни перформанси и уште покорисни функции.

Apple Watch Series 9 користи чипсет S9 SIP, кој е помоќен од претходниот и нуди 60 отсто подобра процесорска моќ и 30 отсто побрз графички чип во споредба со Series 8.

Часовниците од Series 9 користат широкопојасен чипсет од втората генерација, кој овозможува прецизно следење и пронаоѓање во комбинација со моделите на iPhone што го имаат тој чип.

Екранот на часовникот нуди полесно читање кога сте надвор, со 200 nits осветленост (двојна поголема од онаа на моделот Series 8) и може да се намали на само еден nits во темни простории како кино.

Apple Watch Series 9 добива нови гестикулации (double-tap) и го контролира главното копче во апликацијата. Новите гестикулации се придвижуваат од neural engine во чипот S9 и ги обработува податоците од сите сензори, со машинско учење за откривање двојни допири.

Apple посвети посебно внимание на фактот дека новиот паметен часовник е создаден од рециклиран материјал. Apple Watch Series 9 е создаден од рециклиран алуминиум, злато, калај и бакар, додека за прв пат во батеријата е имплементиран рециклиран кобалт. Самата батерија нуди работа до 18 часа.

Компанијата истакна дека отсега повеќе нема да користи кожа во ниту еден од своите нови производи. Apple користи нов текстил наречен FineWoven за ремените на своите нови часовници.

Apple Watch Ultra 2

Ultra е најнапредниот паметен часовник на Apple досега, а со втората генерација, компанијата ги подигна новите функции на уште повисоко ниво.

Apple Watch Ultra 2 користи нова архитектура на дисплеј, со осветленост до 3000 nits, што овозможува подобра читливост и гледање под силна сончева светлина.

Новиот „watchface“ се вика Modular Ultra и ги користи надворешните рабови на дисплејот. Ноќниот режим користи сензор за амбиентално светло за автоматско префрлување.

Watch Ultra 2 го користи истиот S9 SIP чипсет како и Watch Series 9, и овозможува Double Tap контроли со гестикулации и има нов UWB чип за следење локација.

Големината на часовникот е 49мм, со 1,92-инчен LTPO OLED екран кој нуди максимална осветленост до 3000 nits.

Батеријата на часовникот овозможува работа до 36 часа или до 72 часа во режим на мала потрошувачка. WatchOS 10 е одговорен за софтверската поддршка на двата паметни часовници.

Apple Watch Series 9 ќе пристигне по почетна цена од 399 долари, додека Apple Watch Ultra 2 ќе чини 799 долари. Продажбата започнува од 22 септември.