Минатата недела, Redmi објави дека Redmi K40 серијата ќе биде претставена во текот на февруари. Компанијата исто така потврди дека К40 серијата ќе пристигне со почетна цена од околу 462 долари.

На Weibo страницата на Wang Teng Thomas (директорот на производи на Redmi брендот), се сугерира дека компанијата нема само да објави верзија на телефонот со Snapdragon 888 чипсет во текот на следниот месец. Ова значи дека постои можност во рамките на серијата K40 да има нешто послаб модел, што може да го користи MediaTek Dimensity чипсетот.

Тизерот за Redmi K40 Pro серијата, кој компанијата го објави минатата недела, ппкажува дека ќе биде опремена со рамен екран (не е познато дали ќе биде од LCD или AMOLED). Гласините укажуваат на punch-hole дисплеј брзина на освежување на екранот од 120Hz.

Исто така, се споменува дека телефонот ќе го напојува батерија од 4000mAh, а се очекува поддршка за 33W брзо полнење.