Твитер започна со поширока имплементација на функцијата „unmentioning“, која станува достапна за сите корисници.

Споменатата функција му овозможува на корисникот да се отстрани од разговорите што го вклучуваат неговото спомнување на Твитер. Оваа опција за прв пат беше достапна за мал број корисници од април, а сега е овозможена за сите.

Корисниците можат да ја користат функцијата доколку се најдат во токсична средина или ако не сакаат да добиваат известувања за тема која не ги интересира или не се дел од неа. Отстранувањето спомнување го отстранува тагот за корисничко име, ги запира известувањата за темата и спречува некој во темата да ве означи повторно.

За да го активирате „unmention“, изберете го твитот во кој сте означени и кликнете на трите точки во горниот десен агол на екранот. После тоа, изберете ја опцијата „”Leave this conversation“.

Твитер продолжува да прави промени, и покрај проблемите со кои моментално се соочува со неговото купување од страна на Илон Маск. Социјалната мрежа тестира како корисниците можат заеднички да креираат твит, има и функција Notes за оние на кои не им се допаѓа ограничувањето од 280 знаци за објави и многу повеќе.