Се очекува Apple да го претстави iPhone 14 во септември, а познатиот и доверлив аналитичар Минг-Чи Куо го најавува најголемиот напредок на предната камера од iPhone 11.

Селфи камерата ќе има автофокус, што значи откажување од FF решението (фиксен фокус) за прв пат во историјата на компанијата. Ќе има 6P објективи и отвор од f/1,9.

Префрлувањето на AF (автофокус) ќе ја подобри разновидноста на предната камера бидејќи луѓето се повеќе се потпираат на предната камера за „сериозни“ видео повици, но и за креирање содржина наменета за социјалните мрежи.

Главниот снабдувач на објективот ќе биде Genius, додека CCM (CMOS камера модул) ќе го произведуваат LG Innotek и Cowell.

Сензорот и овој пат ќе биде производ на Sony, а се уште не е познато дали ќе се разликува од сегашните 12 MP модули на јапонскиот производител.