Honor денеска ги претстави новите смартфони од својата 30 серија: Honor 30, 30 Pro и премиум Honor 30 Pro+ моделот.

Honor 30 Pro+ го карактеризира 50MP главна камера, со голем 1/1.28″ IMX700 Sony сензор. Покрај овој огромен сензор, телефонот има и 8MP перископ телефото камера со 5x оптички и 50x хибридно зумирање. Тука е и 16MP ултраширока камера со 17mm објектив, која служи и како макро камера.

Камерите на Honor 30 Pro+ моделот поддржуваат AI RAW фотографии, додека снимањето видеа е можно во 4K резолуција @60fps. Во punch-hole отворот во дисплејот се сместени две селфи камери: главна од 32MP и ултраширока од 8MP.

Кога сме кај дисплејот, телефонот има 6.57-инечн AMOLED панел, со освежување од 90Hz, закривени рабови и сензор за отпечаток од прст сместен под екранот.

Honor 30 Pro+ го покренува Kirin 990 5G чипсет, во комбинација со 8GB и 12GB RAM, како и 256GB простор за складирање. Батеријата е со капацитет од 4000 mAh, со поддршка за 40W брзо полнење и 27W безжично полнење.

Телефонот е достапен во три опции на бои – црна, зелена и сребрена. Кога се во прашање цените, 8GB/256GB моделот во Кина чини 4999 јуани, додека 12GB/256GB верзијата чини 5499 јуани (околу 650 и 710 евра).